Почнува третата ревизија на аранжманот меѓу Србија и ММФ

Фото Архива на СП

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Доналд Мекгетиган, ќе започне разговори со Владата на Србија за третата ревизија на аранжманот што Србија го има со Фондот.

Тие ќе разговараат за расходите од буџетот за капитални инвестиции, како и за реформите во државните претпријатија, како што се ЕПС и Србијагас, јави РТС. Шефот на мисијата, Мекгетиган, за РТС изјави дека српската економија е отпорна и се справила со глобалните шокови на импресивен начин. „Да требаше да изберам еден збор што најдобро ќе ја опише српската економија, би го избрал истиот како Иваило Изворски од Светска банка – отпорен. Така ја гледам српската економија.

Таа импресивно се справи со неодамнешните глобални шокови. Растот продолжува, а инфлацијата се намалува. Јавниот долг е под шеесет проценти од бруто домашниот производ и продолжува да опаѓа. Резервите се на рекордно високо ниво“, вели Мекгетиган. На прашањето на РТС дали смета дека е ризично кога станува збор за јавниот долг бидејќи на пазарот нема евтини пари, Мекгетиган одговара дека тој смета дека јавните инвестиции се високи и силни и компатибилни со состојбата на јавниот долг и солидните јавни финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот