Почна продажбата на билети за ПИК Сегед

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар од денеска ја стартува приоритетната продажба на билети за првиот дуел против Пик Сегед во четвртфиналето во ракометната ЛШ кој ќе се игра на 25 април во Скопје.

„Црвено-црните“ објавија дека од денеска па сè до 14 април ќе се врши приоритетната замена на сезонските билети со влезници за дуелот со ПИК Сегед. Откако ќе заврши замената на сезонските билети, на 15 април ќе започне и продажбата на преостанатите билети кои нема да бидат заменети. Приоритетната замена на билетите со влезници за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој ден (понеделеник – недела) од 10 до 18 часот.
Цената на билетите за натпреварот против ПИК Сегед ќе изнесува 400 и 450 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот