Фото: МИА

Загинатиот припадник на Армијата не бил во служба, користел слободен ден

Починатиот Агим Мухареми, припадник на македонската армија, кој денеска беше застрелан во Батинци, не бил во служба на Армијата, односно користел слободен ден.

Од АРМ изразуваат сочувство до семејството на починатиот.

Пукање во Батинци, еден човек заврши во болница

– Ја информираме јавноста дека А.М. од скопското село Батинци, кој по трагичниот настан денеска им подлегна на повредите, беше припадник на Армијата. Изразуваме длабока жалост до семејството на починатиот. За време на трагичниот настан тој не бил на служба во Армијата, односно користел слободен ден – се вели во соопштението.

На местото на настанот е излезен јавен обвинител и дежурна служба на Воената полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот