Почина свршеникот обвинет за смртта на ќерката на Витни Хјустон!
Информација ја потврдил неговиот адвокат кој не сакал да открие како починал неговиот клиент.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„И покрај сите искушенија со кои Ник се бореше во последните години, искрено можам да кажам дека тој многу се трудеше да остане со крената глава и трезен“, рече адвокатот на Ник Гордон.
Ќерката на Витни почина во јули 2015 година на 22-годишна возраст. Таа испила токсичен пијалок кој наводно ѝ бил направен од страна на Ник Гордон, кој бил и нејзин вереник во тоа време. Боби Кристина ја загубила свеста, а Ник потоа ѝ ја ставил главата во када со ладна вода, што довело до оштетување на нејзиниот мозок.
Обдукција потврди дека Боби Кристина пред нејзината смрт консумирала алкохол, марихуана и кокаин. Во 2016 година, Ник Гордон беше осуден во ноември 2016 година да плати казна од 36 милиони долари на семејството на Кристина.
Според тужбата, Ник Гордон ѝ викал на Боби Кристина бидејќи бил љубоморен, купувал кокаин и пиел алкохол.


