Почина сопственикот на Луксотика, најголемата светска компанија за очила

Почина основачот на Луксотика, Леондардо Дел Векои/Фото: Profimedia

Италијанскиот милијардер и основач на гигантот во индустријата за очила Луксотика (Luxottica), во чија сопственост се брендовите Реј Бан, Оукли и Сангласис Хат, Леонардо Дел Векио денеска почина во 87-та година до животот, пишуваат италијанските медиуми.

Дел Векио почина денеска во миланската болница Сан Рафаел, но не е наведена причината за смртта, пишува Кориере дела Сера. Неговото богатство од 24,8 милијарди долари ќе биде поделено на неговите деца, пишува Форбс.

Тој ја основаше компанијата Луксотика во Агорд, град на северот на Италија уште во 1961 година како мала занаетчиска работилница која произведувала компоненти за други компании. Луксотика во еден момент почна да дизајнира сопствени очила и продолжи да расте во наредните неколку години.

Во 1988 година, компанијата случи вреден договор во дизајнерот Џорџо Армани. Во текот на наредната деценија компанијата купи неколку големи бренови за очила како (Vogue Eyewear), Persol и Ray Ban.

Две години подоцна компанијата ја купи американската продавница за очила Sunglass Hut. Во 2018 година Луксотика се спои со францускиот гигант за визуелно здравје Есилор и ја формираше  EssilorLukottica, наголемата светска компанија за очила за вид и за сонце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот