Почина првиот претседател на Украина, Леонид Кравчук

Леонид Кравчук/ Фото Serg Glovny / Zuma Press / Profimedia

По долго боледување денеска почина првиот претседател на Украина, Леонид Кравчук, пренесуваат украинските медиуми. Роден на 10 јануари 1934 година, Леонид Кравчук беше претседател на Украина од 1991 до 1994 година, а подоцна работеше како политичар од 1994 до 2006 година, како член на Врховната Рада, врховниот совет на Украина.

Кравчук почина на 88 години.

Тој го потпиша Лисабонскиот протокол во 1992 година, заедно со Белорусија и Казахстан, со кој од поранешните советски држави се бараше да се откажат од својот нуклеарен арсенал.

Од 28 јули 2020 година до февруари 2022 година, Леонид Кравчук ја претставуваше Украина во Трилатералната контакт група, која имаше за цел да формира дипломатско решение за војната во регионот на Донбас, Украина.

Тој беше првиот претседател на Украина по распадот на Советскиот Сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот