Почина најстарата ученичка во основно школо во светот

Фото: Africa News / printscreen

99-годишната Присила Ситинеј, за која се верува дека е најстарата ученичка во основно училиште во светот, почина во Кенија, потврди нејзиниот внук за „Би-би-си“.

Таа и нејзините соученици, помлади од неа и 85 години, се подготвувале за последниот тест што ќе се одржи следната недела.

Таа пораснала во Кенија, која до 60-тите години на минатиот век беше британска колонија, и го поминала животот во борбата за независност на земјата. Ситинеј минатата година изјави за веб-страницата на УНЕСКО дека сака да ги мотивира младите мајки да се вратат на училиште.

„Сакам да дадам пример не само за нив, туку и за сите девојчиња низ светот кои не одат на училиште и не се образовани“, рече таа.

Ситинеј на училиште тргнала во 2010 година, а претходно повеќе од 65 години била бабица во селото, помагајќи да се родат сите деца со кои подоцна се нашла во одделението.

Позната како „Гого“, што на локалниот јазик значи баба, таа за „Би-би-си“ во 2015 година изјавила дека конечно научила да чита и пишува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот