По силната бура: Мистериозно суштество на шкотскиот брег ги збуни експертите (ФОТО)

Фото: Фубар њуз

И експертите за морските животни се зачудени, а професорот Дејвид Лусеу од Универзитетот во Абердин вели дека за конечен суд му се потребни повеќе информации.

Силната бура која ја погоди речиси цела Европа на брегот на Шкотска исфрли скелет на многу необично суштество, а фотографијата која е објавена на Фејсбук започна дебата меѓу корисниците, пренесува „Б92“.

Ова необично и помалку мистериозно суштество е пронајдено на плажа во близина на Абердин, во неделата кога беа регистрирани силни ветришта и големи бранови. На Фејсбук се отвори дебата за што всушност станува збор, па додека едни велат дека тоа е делфин, други сметаат дека во прашање е кит, а трети дека е ајкула кои за време на летните месеци пливаат во тие води.

Меѓутоа, дури и експертите за морските животни се зачудени, а професорот Дејвид Лусеу од Универзитетот во Абердин вели дека за конечен суд му се потребни повеќе информации.

– За жал, на основа на само таа една фотографија не можеме да кажеме повеќе, освен дека се работи за некоја врста на кит. Би било добро кога би имале фотографија од предниот дел, како и можност да го испитаме самото тело за да идентификуваме за кое животно станува збор – рече тој, а пренесува „Дејли меил“.

Дел од луѓето на Фејсбук се шегуваа дека станува збор за чудовиштето од Лох Нес, една од најстарите шкотски легенди.

Came across this weird creature today near Aberdeen. Any ideas what it could be?Ps… not the child

Publiée par Fubar News sur Dimanche 9 février 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот