По медицинската интервенција Бајден повторно ги презеде овластувањата во Белата куќа

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Твитер @joebiden

Американскиот претседател Џо Бајден си ги поврати претседателските овластувања што „кусо време” и ги имаше пренесено на  потпретседателката Камала Харис поради „тоа што беше под анестезија заради колоноскопски преглед”, како дел од неговата редовна проверка на здравствената состојба, соопшти Белата куќа.

Бајден, најстариот претседател во историјата на САД, рано утринава замина на преглед во Медицинскиот центар „Волтер Рид” во близина на Вашингтон, во пресрет на неговиот утрешен 79-ти роденден.

Белата куќа овој здравствен преглед го опиша како „рутински годишен преглед”. Ова е прв ваков преглед врз американскиот претседател од преземањето на функцијата во јануари.

За време на колоноскопскиот преглед, Бајден беше под анестезија, и, како што било случај досега, потпретседателот ја презема власта, што вклучува контрола врз американската војска и арсеналот на нуклеарно оружје.

Харис (57) е првата жена што ја извршува функцијата потпретседател на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот