По кавга повреден 55-годишен жител на делчевско село

По кавга помеѓу двајца жители, синоќа настрада 55-годишниот Д.И. од село Град. Очевидци велат дека настанот се случил во вечерните часови кај селската подавница, каде при расправија со неговиот согранин И.П, Д.И. се здобил со повреди во пределот на едното око и рамениците.

Потврдено е дека Д.И. утрово се јавил на преглед во делчевскиот здравствен дом, каде се пожалил на болки во рамото. Дополнително, ќе се утврдува дали 55-годишниот жител има скршеници во пределот на лицето и рамениците.

Случајот не е пријавен во полиција, а причините за кавгата биле поради пијанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот