По четиричасовна борба: Пожарот кај Гевгелија е ставен под контрола

Фото: Општина Гевгелија

По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, известуваат од Општина Гевгелија.

– Поради отежнатите временски услови, односно тивкиот ветар, пожарот е сѐ уште активен, но е локализиран. Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило. Во локализирањето на пожарот покрај ТППЕ-Гевгелија, учествуваше и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. Додека, на грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро, велат оттаму.

Поради активноста и дејството на пожарникарите од електрична енергија беше исклучен објектот на ГП „Богородица“ и преминот времено е затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за дејство на пожарникарите, откако пожарот се доближи до објектот на граничната караула на АРМ, до казиното „Фламинго“ и до бензинската пумпа „Шимо“”, што беше и најопасниот и најкритичниот момент од денешниот пожар во пограничниот појас на Гевгелиско.

Сообраќајот на ГП „Богородица“ сѐ уште е во прекин и ќе биде нормализиран откако екипите на ЕВН ќе проверат дали е безбедно објектот да се приклучи на електрична енергија.

Претходно, АМСМ информира дека поради затворањето на ГП „Богородица”, возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран”.

ВИДЕО | Гори борова шума на потегот меѓу Милци и ГП Богородица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот