По 36 години излегува од затвор: Од пекара украл 50 долари!

Фото: Принтскрин

Афроамериканец од Алабама кој украл 50,75 долари од пекара, кога бил во своите дваесетти години и кој поради тоа тогаш бил осуден на доживотен затвор, ќе биде пуштен на слобода после повеќе од три децении минати во затвор.

Алвин Кенард имал 22 години кога во 1983 година е осуден за грабеж од прв степен, пренесува WBRC.

Сега, кога има 58 години ќе биде пуштен од затвор во градот Бесемер.

Кенард бил суден врз основа на стариот закон кој тогаш бил на сила во Алабама, откако претхоно бил осуден за грабеж од 1979 година.

Пресудата од 1983 година изворно значела доживотен затвор без можност за помилување.

Фото: Принтскрин

Семејството на Кенард и пријателите емотивно ја доживеале ослободувачката пресуда донесена од страна на судијата Дејвид Карпентер, пренесуваат медиумите во САД.

Кенард, кој во текот на животот бил градежен работник, непосредно пред пресудата рекол дека сака да продолжи со својата струка и така да заработува за живот.

Адвокатката на Кенард, Карла Кровдер, изјавила за медиумите дека нејзиниот клиент „бил воодушевен од шансата која му се пружа бидејќи бил убеден дека до крајот на животот ќе остане во затвор, како и тоа дека стотици други луѓе биле неправедно осудени на големи затворски казни поради тоа што не можеле да си дозволат добар адвокат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот