По 2.000 евра казна за 11 несовесни скопјани

Фото: МИА

Десетмина од обвинетите делото го сториле со непочитување на важечкиот полициски час. За време на определената забрана како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации во градот.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 11 лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Десетмина од обвинетите делото го сториле со непочитување на важечкиот полициски час. За време на определената забрана како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации во градот.

Еден обвинет не постапил согласно решението на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кој му била определена задолжителна изолација и лекување во домашни услови. При извршена контрола, полициските службеници не го затекнале во неговиот дом на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје.

За сите обвинети надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да им бидат определени парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот