Пленковиќ за случувањата со Милановиќ: Ова е обид за мини државен удар

epa08749474 Croatia's Prime Minister Andrej Plenkovic

Обид за мини државен удар – вака ги коментира техничкиот премиер на Хрватска, Пленковиќ, изјавите на шефот на државата,Милановиќ, откако Уставниот суд му упати предупредување по најавата дека ќе се кандидира за премиер, објави index.hr.

„Мислам дека претседателот на Уставниот суд сега беше сосема јасен. Јасно е дека е прекршена уставната рамка и беше прекршен Уставот. Не знам што друго можеа да кажат. Се што се случува со СДП и Милановиќ мора да се вика со вистинското име. Тоа е обид за мини државен удар. Јас веќе не го гледам Грбин како претседател на СДП. Имаат некаков неред или сериозен проблем. Толку дивјаштво, дезавуирање на целата партија“ изјави Андреј Пленковиќ.

Според Пленковиќ, партијата на Милановиќ само давала бизарна слика за Хрватска, додека вистинската слика за земјата требало да бидат стабилноста и редот.

“Единствено што добиваме со овој нивен настап е бизарна слика за Хрватска. Луѓето надвор се прашуваат што се случува. Стануваме рано, работиме за Хрватска секој ден. Ја подигаме репутацијата на Хрватска на меѓународно ниво. Мојот впечаток е дека нешто сериозно со нив не во ред. Овие нивни партнери нека се запрашаат дали сакаат да бидат дел од тој хаос. Вистинската слика за Хрватска не е оваа, реалната слика на Хрватска е стабилност“ – изјави Пленковиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот