Пленковиќ со порака за мир и помирување со српското малцинство

Архива

 Во Вариводе, во близина на Кистање денеска се одржа комеморативен собир за убиените српски цивили, на кој хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека таму е извршено тешко злосторство против невини луѓе, и покрај тоа што во таа област немало повеќе воени дејства.

– Како претседател на хрватската Влада, длабоко жалам поради тоа и изразувам сочувство, изјави Пленковиќ.

Тој им рече на припадниците на српското малцинство дека сака да испрати порака за мир и помирување.

– Тоа исто така значи да се добие сила и да се признае дека Хрватска била нападната и тоа заслужува недвосмислена осуда. Тоа значи јасно оградување од тогашната големосрпска агресија во чие име се убиени многу хрватски граѓани, а многу злосторства останале неказнети, вклучително и злосторства во соседните села, каде што беа убиени и постари членови, а сторителите никогаш не одговараа, рече Пленковиќ.

Речиси два месеца по воено-полициската акција Бура, во која беа протерани повеќе од 220.000 Срби од Хрватска, а околу две илјади исчезнаа или беа убиени, на денешен ден во 1995 година, во Вариводе беа убиени девет локални жители од српска националност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот