Пивоваров: Повратниците од ИСИС се темпирани бомби

Агенцијата за национална безбедност со своето кратко постоење и работа ги даде очекуваните резултати. Суштината на борбата против тероризмот е на време да дознаете кои се нивните намери и цели. Кога ќе се случи нешто тогаш можеме сите може да жалиме и да тврдиме како требало да се постапи, како што не снајде со трагедијата со „Диво Насеље“, вели поранешниот шеф на военото разузнавање Владимир Пивоваров.

Тој вели дека врз база на проценка на аналитичарите на АНБ, агентите и полицијата ја уапсила терористичката група од Куманово и Скопје и на време е спречена терористика акција.

– Според сите оперативни информации, аналитичарите процениле кога било време за акција. Ако се тргнало подоцна можело да биде сериозен проблем, а ако апсењето на овие терористи било извршено порано, пак ќе било проблем, бидејќи немало да биде откриена целата нивна мрежа. Оваа акција на АНБ е за пофалба. Меѓу уапсените има и повратници од ИСИС. Тие лица се темпирани бомби. Прашање е кога тие од нивната ќелија ќе добијат задача да активираат експлозив, да извршат убиство, да урнат мост или да убијат луѓе на фудбалски натпревар. Значи се кај нив е планирано. Ништо не е случајно – вели Пивоваров.

Осуммина терористи од Скопје и Куманово на крајот на декември паднаа во мрежата на македонската полиција. Се претпоставува дека биле логистика и ја снабдувале терористичката група со оружје, воена опрема и финансии. Членовите на терористичката група за меѓусебна комуникација претежно ја користеле интернет платформата „Ватсап“ (WhatsApp) каде меѓу другото го договарале начинот на транспорт на оружје и начинот на изработка на самоубиствени појаси.

Македонската полицијата ги поврзува со претходно откриената келија на ИСИС во Куманово, каде на местото познато како Менкова колиба на 27 август лани беше откриено поголемо количество оружје и муниција и беа приведени три лица.

ВИДЕО: Детали за апсењето на терористичка група, уапсени 8 лица во Куманово и Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот