Пиво или вино: Експерт откривa што е поштетно за нашиот дигестивен систем

Фото: Pexels

Резултатите од едно истражување спроведено во Кина сигурно ќе ги воодушеват љубителите на пивото. Според истражувањето, пивото има фантастични состојки со одлични ефекти по здравјето на човекот. Се вели дека пивото, не само што го прави човекот посреќен, туку и поздрав, пишува „Дојче веле“.

Авторите во студијата пишуваат дека цревниот микробиом може да разгради одредени состојки на пивото и на тој начин позитивно да влијае на имунолошкиот систем. Според нив, разградените состојки имаат антиинфламаторно и антиоксидативно дејство, така што штетните метаболички производи можат да ги направат безопасни.

Но, со овие тврдења не се согласува професорот Хелмут Саец, кој со децении ги истражува ефектите на алкохолот врз човечкото тело.

Деталниот преглед на студијата брзо ќе го расипе расположението на оние што обожаваат пиво. Имено, истражувањето било финансирано од Државната лабораторија за инженерство на биолошка ферментација на пиво, која е дел од пиварницата „Цингтао“ – една од двете најголеми пиварници во Кина.

Дополнително, професорот нагласува дека двајца од петте автори на студијата потекнуваат од лабораторијата на таа пиварница, па можно е да се работи за конфликт на интереси. Поради ова професорот се сомнева во објективноста на ова истражување.

„Секако дека постојат одредени состојки во пивото кои имаат корисен ефект врз здравјето, на пример екстрактот од хмељ“, објаснува професорот.

Професорот истакнува дека оксидативното дејство на алкохолот е многу поголемо од потенцијалниот позитивен ефект на сите останати состојки. Тој објаснува дека овој оксидативен ефект најчесто доведува до воспаление и го зголемува ризикот од болести – од дијабетес до рак.

„Алкохолот предизвикува рак токму на дебелото црево. Алкохолот се претвора во ацеталдехид во телото и има токсичен ефект“, предупредува Саец.

И не само тоа, според овој професор, пивото е поштетно за дигестивниот систем и од виното. Сепак, како што тој потенцира, сè уште не е откриено зошто е тоа така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот