Петар Петковиќ: Свечља безочно лаже, го напаѓа Вучиќ за да го поврзе Белград со настаните во Бањска

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија Петар Петковиќ денеска изјави дека министерот за внатрешни работи на Косово, Џељај Свечља „безочно лаже“ и го нападнал српскиот претседател Александар Вучиќ со цел да се обиде да ја поврзе Србија со настаните во Бањска.

Петковиќ на социјалната мрежа Х напиша дека Свечља и Курти се опседнати со семејството Вучиќ, „па патолошки ги напаѓаат сите Вучиќ, не штедејќи ги ниту децата“ и рече дека Курти „не знае ниту за чест ниту морал“.

– Екстремистот на Курти, Свечља, бесрамно лаже и го нападна претседателот Вучиќ, за да се обиде, иако неуспешно, да ја поврзе Србија со настаните во Бањска не штедејќи ги ни децата – објави Петковиќ.

Претходно  Свечља објави дека во истрагата за нападот на 24 септември во Бањска кај Звечане се пронајдени личните документи и автомобилот на лицето Милорад Јевтиќ, за кого тврди дека е познат како еден од најблиските соработници на Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот