ПЕТ ПРАВИЛА за заштита на РУСАТА КОСА во текот на летото

руса коса

Конечно ја добивте нијансата на руса коса што долго време се обидувавте, па сега треба и да ја одржувате.

Летото не е еден од најголемите пријатели на косата, особено ако е бојадисувана и третирана на фризер. Русата коса и кога е природна е покршлива и послаба отколку косите со темен пигмент.

Затоа и треба да обрнете повеќе внимание на одржувањето.

Избегнувајте директно сонце

Заштитете ја косата со помош на специјални препарати за таа намена и носете шешир или летна шапка.

Добро мијте ја

Барем еднаш неделно користете маска со длабинско дејство, но обидете се да не ја миете пречесто, туку најмногу двапати неделно, за да не го запрете процесот на природна хидратација на влакното.

Испирајте со млака до ладна вода

Доколку водата е бигорлива, ако сте во можност, инвестирајте во филтер. Во лето е подобро да плакнете со млака до ладна вода.

Внимавајте на базените

Хлорот во базените може да создаде хемиска реакција со препаратот кој е употребуван за боење и да резултира со непријатна зелена нијанса на вашата коса.

Побарајте фризерски третман

Секој фризер нуди длабински третман за заштита на влакното на третираната коса. Ако сакате да имате здрава руса коса, не штедете на овие третмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот