Пет брода потонаа за време на парада за поддршка на Трамп во Тексас (ВИДЕО)

Фото: youtube/printscreen

Дури пет брода потонаа за време на парада за поддршка на кандидатурата на Доналд Трамп за нов претседателски мандат што се одржа на езерото Тревис во близина на Остин, Тексас.

– Украсете ги бродовите во национални бои и развиорете онолку знамиња на Трамп колку што тие може да понесат. Да испратиме порака“, се повикуваа симпатизерите на Трамп на бродската парада.

Но, пораката не беше според замислата. Моментот кога стотина бродчиња почнаа да се движат заедно, направи големи проблеми за организаторите, а шефот на округот Тексас набрзо прими околу 15 пораки.

– Речиси веднаш по почеток на парадата, ТЦСО почна да прима повици за помош од наутичарите. Тие беа различни и се однесуваа за чамци во кои навлегува вода, престанок со работа на мотори, превртени бродчиња и бродчиња кои тонат“ порачаа од кабинетот на шерифот.

Најголем дел од чамците во кои навлегуваше вода се извлекоа, но пет од нив потонаа. Три се извлечени дополнително, додека два останаа на дното на езерото. Меѓу оние кои побараа помош, нема повредени. Притоа, од канцеларијата на шерифот нагласија дека не се најдени никакви докази за евентуална саботажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот