Перо Антиќ негира дека се степал со поранешниот на Катарина Ивановска: Не сум се тепал, ниту сум избркан од ноќен клуб

Фото: Инстаграм / cickostoilko

Откако во медиумите се прошири веста за тепачка во ноќен клуб во Скопје во која учествувале двајцата поранешни партнери на манекенката Катарина Ивановска, односно Перо Антиќ и Цобе, кошаркарот се огласи и за „ММС“ ја негираше оваа информација.

Имено порталот „24Инфо“ пренесе дека се случил инцидентот во еден скопски локал меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина, и кошаркарот Перо Антиќ.

Според написите на порталот, Цобе побарал од Антиќ да го напушти локалот, но тој одбил. Токму поради тоа настанала тепачка, а Цобе, сакајќи да го погоди Антиќ со шишиња и со чаши во полниот клуб, погодил трето лице, по што реагирало обезбедувањето и го избркало Антиќ.

Но, како што Антиќ изјави за „ММС“ тепачка немало и никогаш не бил избркан од ноќен клуб.

„Има камери, нека се види дали имало тепачка. Се знае како изгледа тепачка. А секој човек кога ќе биде нападнат има право да се брани“, изјави Антиќ и додаде:

„Ниту ме избркал некој од клуб ниту ќе може да ме избрка, тоа е место каде што може секој да отиде и да потроши пари. А смешно е за кликови што се прави. Не сакам веке никогаш да коментирам ниту за дотичниот човек, ниту, пак, за дотичната жена, не ме интересираат, ниту го познавам. Навистина не ме интересираат, што сакаат нека прават во животот. Не сакам да ме поврзуваат со тие две личности, јас си имам доволно свои обврски. А за тепачка? Мислам дека сме многу стари за такво нешто“, рече Антиќ за „ММС“

Тој додаде дека не сака повеќе да коментира и да дава причини да го има по медиуми. А, на новинарите кои го пишуваат ова им порача да пораснат. Нагласи дека има јавна функција и не сака малолетни деца да читаат невистини и да го спојуваат со секти.

„Јас сум заљубен, среќен сум во врка и не сакам да ме спојуваат со вакви луѓе. Нека си ја најдат среќата и тие“, вели Антиќ.

Перо Антиќ се огласи за врската со српската фолк-пејачка: Не сум во љубов со Цеца, туку со македонско девојче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот