Пенс: Украина не може да стане членка на НАТО додека не заврши војната

Потпретседателот Мајк Пенс се обрати од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашинготн ДС, САД / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL
Мајк Пенс / 4 ноември 2020 / Вашинготн ДС, САД / Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Мајк Пенс, поранешен потпретседател и учесник во трката за претседателски кандидат од Републиканската партија во настапите на американските телевизии синоќа повторно испрати безрезервна поддршка за Украина.

Во интервју за „Си-ен-ен“ тој констатираше дека во „неговата партија, како и во целата земја се расправа за учеството на САД (во настаните во Украина)“.

„Но, јас сум длабоко убеден дека мнозинството Американци се свесни дека ние сме лидери на слободниот свет и одбрана на слободите и ги поддржуваме сите кои се борат за својата слобода, тоа секогаш ја засега Америка“, истакна Пенс.

Слична поддршка тој даде и во настап за телевизијата Си-Би-Ес.

Во однос на ова тој стави до знаење дека Украина не може да стане членка на НАТО додека војната не заврши.

Пенс ги даде коментарите по неговата посета на Киев минатата недела. Ги пренесе впечатоците од средбата со Володомир Зеленски и кажа дека украинскиот претседател „ќе биде отворен за условна покана“ на земјата да стане членка на Алијансата тогаш кога „војната ќе биде добиена“.

Тој е меѓу тројцата најистакнати кандидати од Републиканската партија кои се борат за номинација претседаталски кандидат на изборите закажни за ноември 2024 година. Останатите двајца се гувернерот на Флорида, Рон Десантис и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот