Пендаровски на Фејсбук: Уште неколку дена за пријавување за Школата за политики за 2021 година

фото Архива
Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот Фејсбук профил објави дека остануваат уште неколку дена за пријавување на повикот за Школата за политики за 2021 година.

– Остануваат уште неколку дена да се пријавите на повикот за #ШколаЗаПолитики. Ако ве интересираат теми како демократија, одржлив развој, евроинтеграции и комуникации, посетете ја веб-страната www.pretsedatel.mk/повик-за-школа-за-политики/, разгледајте ги критериумите и аплицирајте. #ПЦПО, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Повикот за школата, што е организирана од Претседателскиот центар за политичко образование, беше објавен на 16 февруари, а завршува на 1 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот