Пендаровски: Идејата за повторно служење војска, вредна за отворање дебата

Стево Пендаровски претседател на РС Македонија / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Изјавата на началникот на ГШ на Армијата за повторно служење војска, е обид за отворање дебата, изјави претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски.

Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Пендаровски рече дека е добро тоа што во изјавата на началникот на ГШ тој вели „ако така решат политичките фактори“. Пендаровски појасни дека во овој момент шест земји членки на НАТО имаат задолжителен воен рок, а во уште неколку се отвораат вакви дебати.

„Не мислам дека е грев да разговараме за тоа. Мојот став е дека таа дебата е одамна решена во корист на професионални армии, наспроти Армија на регрути“, рече Пендаровски.

Во врска со консензусот за уставните промени, Пендаровски уште еднаш повтори дека не се согласува со форсирање на ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот