Пелистер и Работнички на една победа до полуфинале во плеј-офот

Фото: КФСМ

Eкипата на Пелистер дојде до нова победа на домашен терен откако во четвртфиналната серија славеше против Еуро Никел со 90:85 и поведе со 2:0.

Битолскиот состав одлично тргна и на почетокот се „одлепи“ резултатски, а таа предност и знаеше да чува, Еуро Никел предозна се разбуди и само во последната четвртина внесе одредена доза неизвеност, но тоа не беше доволно за некаков пресврт.

Пелистер од почетокот на натпреварот беше во водство, а на паузата замина со предност од 46:40, а клучната разлика беше направена во третиот период. Избраниците на Радуловиќ играа цврсто во одбраната, па во последниот период влегоа со 15 поени предност.

Во завршницата гостите влегоа во серија и на 18 секунди до крајот имаа само три негатива 88:85. Имаа шанса и за израмнување, но Младеновиќ прмаши тројка и тука ги загубија шансите за целосно враќање во натпреварот.

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Костоски со 25 поени, Маслинко уфрли 21, додека Магдевски средбата ја заврши со осум поени и девет асистенции. На спротивната страна Дубински имаше 23 поени и Врањеш 20.

Во вторниот натпревар кој се играше денеска претходно Работнички се помачи, но дојде исто така до втора победа против Феникс (100:94) и водство од 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот