Пелистер елиминиран, МЗТ Скопје ќе атакува на осмата титула

Фото: kfsm.mk

„Металците“ беа подобри од битолчани и во СЦ „Јане Сандански“ со резултат 89:78 и со конечни 2:0 успешно ја завршија полуфиналната плеј-оф серија.

Досега МЗТ Скопје Аеродром играше 14 пати во големото финале. Беа половични во походите на шампионската титула. Но, кошаркарите на МЗТ се изборија за уште една можност, да играат и по 15 пат во завршната битка и да се борат за својот осми шампионски пехар и двојна круна сезонава сезона.

Одлична прва четвртина одигра домашната екипа, уште во раната фаза од натпреварот изгради разлика од десет поени (25:15), но играта „два плус еден“ му донесе на Пелистер нешто поприфатливи (18:25), како што беше на крајот на првиот период од второто полуфинале, во кој Бојиќ даде седум поени, иако почна од клупата за резервни играчи. По две минути од втората четвртина, и поентирањето на Крстевски, екипата на Радуловиќ одново беше на двоцифрена разлика од (31:21), за гостински тајм-аут.

„Пелистерци“ не се предаваа, имаа 39:41 на нецели две минути пред одморот, но домашните некако успеаја да го одбијат и тој напад, и на полувреме сепак да имаат „вишок“ од пет поени (48:43).

Во третиот дел гостите дојдоа двапати на „минус два“, (50:52, 56:58), но добра вест за МЗТ беше што почна да погодува Олуџоби, кој беше „фактор икс“ на средбата во Битола. Токму силниот Американец одново му донесе на својот тим „плус 10“ (72:62) на почетокот на последната четвртина. А по „техничката“ на Пелистер, беше уште повисоки (80:69). Но, и само пет минути до крајот на средбата. Период од играта во кој гостите од Битола не успеаја да се врата, и да ја продолжат неизвесноста.

Прва лига, плеј-оф: Еуро Никел 2005 ќе се бори за шампионскиот пехар!

Во денешната пресметка во победничките редови 20 поени беа дело на Олуџоби, 13 поени додаде Стојановски, а 12 Магдевски (шест асистенции). За Пелистер убедливо најефикасен и воопшто на мечот беше Стајиќ со 30 поени (шест асистенции), следен од Кесар со 14 поени (девет скокови) и Малешевиќ (12 поени).

Противник на аеродромскиот клуб во финалната серија ќе биде Еуро Никел 2005 кој претходно со 2:0 го елиминираше Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот