Пејачот Арон Картер пронајден мртов во када

Фото: Инстаграм/Wikimedia Commons

Популарниот рапер Арон Картер (34) е пронајден мртов во када во неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија.

Арон беше брат на познатата поп-икона и пејач на „Бекстрит бојс“, Ник Картер, објави британскиот весник „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter)


Полицијата соопшти дека во 11 часот по локално време добила итен повик дека „маж се удавил во када“.

На местото на настанот биле испратени детективи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter)


Арон се прослави во доцните 1990-ти како поп пејач, објавувајќи четири студиски албуми, почнувајќи со неговиот истоимениот деби албум во 1997 година, кога имал само девет години.

Откако неговиот прв албум продаде милион копии, вториот албум на Арон, „Aaron’s Party“, тројно го зголеми тој број… и оттаму тој стана редовен на Nickelodeon.

Арон, исто така, беше на турнеја со „Бекстрит бојс“ за време на нивните најславни денови.

Арон со години имаше проблеми со зависноста со дрога, поради што неколкупати беше на рехабилитација, јавни семејни караници и ментални проблеми, пишува „Дејли мејл“.

Славните личности се простуваат од Арон Картер на социјалните мрежи.

Познатиот пејач го претепала девојката, полицијата реагирала веднаш – „Ме давеше, се гушев!“

СЕ СКАРАА БРАЌАТА: Ник Картер бара забрана за приближување за Арон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот