Педесет и три годишник од Теново е починатиот човек најден вчера во реката Вардар кај Радиовце

Полиција/ Фото МВР

Тетовската полиција информираше дека е идентификуван починатиот маж кој беше најден во водите на реката Вардар во близина на селото Радиовце вчера околу 14 часот.  Станува збор за 53 годишник од селото Теново, исто од Општина Брвеница кој се водеше како исчезнат од 28 јуни.

– По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р.(53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираат од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот