Пецас: Грција се фокусира на можните увезени случаи на коронавирус, но и на локалните жаришта

Со официјалниот почеток на туристичката сезона, Грција се фокусира на можните увезени случаи на Ковид-19, но и на веројатните локални жаришта, објасни портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничата на МИА од Атина.

Паралелно, тој рече дека утре напладне од Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција ќе бидат соопштени деталите во пресрет на сезоната и отворањето на земјата за туристи на 15 јуни.

-Сега сме фокусирани, прво на веројатноста да има увезени случи од моментот кога земјата ќе ги отвори нејзините порти за туризмот, а второ на можните локални жаришта. Без разлика дали се однесуваат на регион, наслеба, остров, периферија или се однесуваат на една структура, училиште или било што друго. Ги прошируваме секаде контролите и се подготвуваме за сѐ, истакна портпаролот на грчката Влада.

Пецас рече дека еден месец по укинувањето на карантинот, епидемиолошката слика на земјата останува добра, а според последните податоци, како што објасни, факторот на репродукција Р0 е понизок од степенот на кој бил кога беше одлучено да се укине карантинот.

Сепак истакна дека граѓаните не треба да се опуштат, бидејќи ако се опуштат „може да го платат тоа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот