Пецас ги соопшти петте приоритети на планот за туризам

За безбедноста како на вработените, така и на туристите, според планот, предвидено е секој туристички објект да одреди лекар- соработник за секој туристички објект, како и координатор кој би управувал со евентуален позитивен случај на Ковид-19.

Пред два месеци сите ја сметаа за загубена туристичката сезона, немаше предвидувања дека на 15 јуни ќе бидеме во позиција да почнеме да ги отвораме сезонските туристички објекти и да почнеме да примаме туристи, истакна портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

Портпаролот на грчката Влада истакна дека безбедноста на вработените, почитување на посетителите, зајакнување на здравствените структури на туристичките дестинации, поддршка на бизнисите и соработка со општеството, со инволвираните организации и глобалната заедница, се петте приоритети на планот за туризмот на Владата.

За безбедноста како на вработените, така и на туристите, според планот, предвидено е секој туристички објект да одреди лекар- соработник за секој туристички објект, како и координатор кој би управувал со евентуален позитивен случај на Ковид-19.

-Во случај да биде потребно оперативно справување, предвидено е создавање на специјални „карантински области” по периферија и остров. Механизмот, во секое време ќе биде подготвен да го транспортира пациентот во здравствена установа, доколку тоа се оцени како неопходно. Особено за малите островски дестинации, планот за рестартирање на грчкиот туризам предвидува дополнителни интервенции. Максимално внимание ќе се посвети на почитувањето на здравствените протоколи за работа на туристичките бизниси и транспортот на посетители, рече портпаролот на грчката Влада.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот