Патничкиот авион со над 50 патници се урнал во заливот кај Џакарта, потврди индонезискиот министер за транспорт

Фото: Твитер

Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади потврди дека авионот на „Сривиџаја ер”, со повеќе од 60 лица, се урна денеска во заливот кај Џакарта.

Тој рече дека авионот паднал близу остров во заливот.

Противпожарната служба на Џакарта објави на Твитер дека се пронајдени некои делови во заливот и дека се трага по исчезнатиот авион.

Авионот полетал од Џакарта кон градот Понтијанак на островот Борнео и наскоро по полетувањето изгубил контакт со контролата на летање.

УЖАС ВО ЏАКАРТА: Се урна патнички авион, најмалку 50 загинати

Локалните медиуми јавија дека во авионот „Боинг 737-500″ имало 56 патници и шест членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот