Патиштата во Романија се најопасни во Европа, следат Србија и Бугарија

Фото: Пекселс/ Bruno Ticianelli

Патиштата во Романија се најопасни за возачите, а потоа следат Србија и Бугарија. Најбезбедно е да се вози во Норвешка. Ова го покажува новото истражување на Вињетсвицерланд.ком, кое ги анализира најновите податоци на Европскиот совет за безбедност на транспортот за бројот на загинати во сообраќајот на патиштата на 1 милион жители, пренесува “Сега.бг.њус“.

Студијата покажува дека во 2022 година имало 85,81 смртни случаи на 1 милион население во Романија. Сепак, има намалување – за 10,26% во однос на 2012 година, кога имало 95,62 смртни случаи на милион. Србија е на второ место со 82,65 смртни случаи на 1 милион, што е намалување за 13,01% во однос на 2012 година. Бугарија ја затвора првата тројка со 77,64 смртни случаи на 1 милион.Сепак, овде има минимално намалување во однос на 2012 година – само 6,02%. Истражувањето покажува и дека Норвешка е најбезбедната земја за возење во Европа.

Во 2022 година земјата има само 21,38 смртни случаи на 1 милион, што е целосно намалување за 26,48% во споредба со 2012 година, кога имаше 29,08 смртни случаи. На второ место е Шведска со 21,72 смртни случаи на 1 милион /27,74% намалување/, а Велика Британија на трето место со 25,89 смртни случаи /9,51% намалување/.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот