Партијата на Меркел се противи на одлуката на Трамп за повлекување на 9.500 војници

epa08450846 US President Donald J. Trump makes remarks before signing an executive order on social media that will punish Facebook, Google and Twitter for the way they police content online, in the Oval Office, White House, Washington, DC, USA, 28 May 2020. EPA-EFE/DOUG MILLS/ POOL

Истакнати застапници на конзервативната партија на германската канцеларка Ангела Меркел ја критикувале одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да и заповеда на војската да повлече 9.500 американски војници од Германија. Со тоа во Германија ќе останат 25.000 војници од сегашните 34.500.

„Плановите повторно покажуваат дека администрацијата на Трамп ги занемарува основните задачи на водство: вклученост на сојузниците во процесите на носење на одлуки“, рекол Јохан Вадефул, портпарол за надворешна политика на клубот на застапници на ЦДУ/ЦСУ.

Сите партнери на НАТО имаат корист од кохезија на Сојузот, а само Русија и Кина имаат корист од несложност, рекол тој, додавајќи: „На тоа Вашингтон треба да обрати поголемо внимание.“

„Политички мотивирана одлука“

Андреас Ник, кој исто како Вадефул е член на парламентарниот одбор за надворешна политика, рекол за Дојче Веле дека постојат знаци дека „одлуката не е техничка, туку чисто политички мотивирана“.

Еден американски функционер, кој не сакал да биде именуван, рекол во петокот дека одлуката е резултат на повеќе месеци работа на врховниот воен заповедник, генерал Марк Мајли и дека не е поврзана со тензиите меѓу Трамп и Меркел, која го спречила планот на Трамп овој месец да организира состанок на советот на Г7.

Трамп врши притисок на Германија да ја зголеми потрошувачката за одбрана и го обвинува Берлин дека е „заложник“ на Русија заради зависноста од руските енергенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот