Партиите на Албанците од Македонија со умот во Тирана, со душата во Приштина

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Еди Рама е свесен какви последици би имале Албанцоте во Македонија доколку земјата не го продолжи европскиот курс само заради отежнатите претпоставки за промена на Уставот за влез на Бугарите во неговата Преамбула.

Триесет години по распаѓањето на Југославија, а Албанците во Македонија никако да се ослободат од потребата за патернализам, притоа не секогаш се сигурни која е нивната вистинска татковина, Албанија или Косово и според кој патернализам да се однесуваат.

Оваа дилема уште повеќе ја подгреваат и политичките партии кои, иако се доволно добро етаблирани во политичкиот живот во Македонија, колективно трчаат по совет на средби во Тирана, а сепак, на секоја одделно, папочната врпца политички ѝ е во Приштина.

Причините за ваквата „изгубеност“ во „балканскиот триаголник“ добро ја отсликува Амбасадорот Мухамед Халили во интервју за Утриснки печат, кој признава дека сега постојат две албански држави и се поставува прашањето која е таа матична земја која треба да се грижи за правата на Албанците во регионот. Мала предност сепак се чини му дава на Косово:

„Ние пет децении сме живееле заедно во една иста држава, во иста федерација со Косово, додека Албанија во тој период била херметички затворена не само кон Југославија туку дури и кон нас Албанците кои сме биле надвор од неа. Ние сме имале право само да сонуваме како изгледа Албанија, таа беше своевидна мистерија. Во меѓувреме како дел од една државна структура каква што беше Југославија, високото образование сме го стекнувале и во Приштина, сме делеле исти проблеми со Албанците на Косово и тие врски пет децении придонеле во зближување на Албанците од Косово и од Македонија“, вели Халили.

Коментирајќи ја неодамнашнета средба на политичките лидери на партиите на Албанците од Македонија, Халили смета дека нема ништо лошо во неа и дека таа само по себе немала особена политичка тежина. Сепак, додава тој, дека и покрај добрите намери на албанскиот премиер Еди Рама, поголем политички кредибилитет за Албанците има косовскиот премиер Албин Курти.

Веројатно со сличен став беше и претседателот на Алијанса за Албаннците Арбен Таравари кој пред да замине за Тирана, „мораше“ прво да „намине“ во Приштина за да се види со Албин Курти. За таа средба немаше голема медиумска „драма“ каква што ја следеше онаа во Тирана.

Чудна противречност! Курти со поголем кредибилитет, а Рама своевремено ја спонзорираше „тиранската платформа“. Ако е така, зошто никогаш не дојде до своевидна „приштинска платформа“?

“Природното право” што со децении си го зема секој политички естаблишмент на Албанија како држава „мајка” за состојбата со правата на Албанците во Западен Балкан, си го зема и актуелниот албанскиот премиер Еди Рама, (кој во изминатиов период се издигна во еден од регионалните лидери), ја искористи старата патерналистичка позиција кон лидерите на партиите на Албанците од Македонија и ги седна на заедничка маса.

Албанија и Македонија досега беа како сврзани садови во настојувањата да го почнат европскиот пат. Ги делеа сцилите и харбдите заедно. Се држеа една до друга и во лошо и во добро и ги минуваа препреките чекајќи се одна со друга кога некои европски држави не беа сè уште подготвени да им дадат зелено свето на двете балкански држави да го почнат својот европски пат. Еднаш втората ја чекаше првата, а потоа обратно. И тогаш имаше забелешки и негодувања од внатре, зошто мора Албанија и Македонија да одат во пакет, зошто да се чекаат една со друга.

Но тоа создаде нови односи на пријателство меѓу ови две соседни земји и се разбира меѓу лидерите на двете држави.

Тиа станаа свесни дека друг поголем колективен инетрес за своите народи од членството во ЕУ нема. И лидерите на партиите на Албанците во Македонија, некои повеќе, некои помалку, се соочуваат со овој факт.

Еди Рама е свесен какви последици би имале Албанцоте во Македонија доколку земјата не го продолжи европскиот курс само заради отежнатите претпоставки за промена на Уставот за влез на Бугарите во неговата Преамбула.

Но некои од лидерите тешко се откажуваат од оние иманенти колкетивистички барања за Албанците во Македонија врз кои со децениии ја градат својата политичка плaтаформа.

Во нивниот начин на размислување дека сега е моментот кога треба да ги капитализираат тие свои настојувања, поставуваат ултиматум дека со промена на Уставот треба да се избрише и оној член со кој употребата на јазикот на оваа етничка заедница се регулира како процент.

Оттаму доколку Еди Рама корисно го употребил патернализмот и на новогодишната средба ги убедил лидерите на политичките партии на Албанците да се откажат од барањата за отворање на Уставот и за „други“ промени освен за Бугарите, успеал да спонзорира една поинаква „тиранска платформа“ која ќе биде за европска Македонија, за разлика од онаа претходната.

Само така тој ќе се етаблира себе си како регионален лидер на Албанците, а Албанија како нивна татковина.

Затоа што тоа беше лесно до пред формирањето на Косово како независна држава, без разлика дали и колку е меѓународно признаена и како на неа гледаат некои балкански држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот