Парондо: Овие момци се херои

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо не можеше да ги сокрие емоциите по триумфот над ПИК Сегед.

– Нема да биде никаква новост ако кажам повторно дека сум горд на овие играчи. Ова се ракометари, херои. Имавме мал милион проблеми оваа сезонава, постојано се соочуваме со несакани работи и некогаш воопшто не можеме да мислиме само на ракометот. Но сето тоа го надминавме на најдобар можен начин. Ова се вистински професионалци и не дозволија ништо да ги скрши. Го одиграа феноменално последниот натпревар пред оваа публика, па на крај се надевам дека и ќе дојдеме до планираната цел, пласман на Ф4 турнирот во Келн – изјави Парондо.

Емотивен настап имаше и кај Игор Карачиќ кој од 2012 година е дел од „црвено-црните“. Хрватскиот ракометар не можеше да ги сокрие солзите пред новинарите.

– Сакам да им заблагодарам на сите во Сегед, што дојдоа без потценување за Вардар и некои големи изјави, знаејќи каква е ситуацијата со Вардар. Вечерва ни беше многу тешко да го одиграме овој меч, уште од почетокот, плачевме додека беше претставувањето. Не бев ни свесен што се случува, пред нашата публика, во нашата сала. Можам само да речам, ако некогаш повторно се направи Вардар, да останеме ние, овие момци запишани во историјата на Вардар. Момци со голем карактер и со срце, баш такви какви што ѝ треба на Македонија. Благодарам и на нашиот тренер, не беше лесно да се наследи Раул. Влезе во тешка ситуација и направи многу силен тим. Направи добра атмосфера, се направи како што треба, даде еден карактер повеќе, затоа му благодариме – изјави Карачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот