Папата открива каде се криел ѓаволот: Свештеници и калуѓерки гледаат порно на интернет

папа франциск
Папата Франциск / Фото EPA-EFE/FILIPPO MONTEFORTE

Папата во понеделникот ги предупреди семинариите во Рим за „ѓаволот на порнографијата“, наведувајќи дека дури и калуѓерките и свештениците гледаат порнографски содржини на интернет.

Тој ги повика припадниците на Црквата да ги користат социјалните мрежи за личен развој и комуникација, истовремено предупредувајќи ги на опасностите од дигиталната порнографија, пишува „Гардијан“.

„Тоа е порок на многу луѓе, многу лаици, но и свештеници и калуѓерки. Оттаму доаѓа ѓаволот. И не зборувам само за порнографија како онаа на злоупотреба на деца, која е монструозна, туку и за нормално порнографија. Драги браќа, внимавајте на тоа“, рече папата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот