Папата ги поздрави напорите на СБ на ОН за воспоставување примирје низ светот

Папата Франциско ги поздрави денеска напорите на Советот за безбедност на ОН да се воспостави примирје низ светот, со цел државите подобро да се изборат со пандемијата на новиот коронавирус.

Тој во обраќањето пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан истакна дека е неопходен прекин на судирите.

– Го поздравувам повикот за глобален и непосреден прекин на огнот, што ќе овозможи мир и безбедност, кои се неопходни за давање хуманитарна помош, која е итно потребна, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата изрази надеж дека таа одлука ќе биде брзо спроведена „во име на мнозинството луѓе кои страдаат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот