Паника во Загреб: Побегнал питон, сопственичката не може да го најде – еве што ѝ пишаа загрижените граѓаните

Фото: : Facebook/Azil Dumovec

Хрватското засолниште за животни Думовец објави дека во понеделникот дека во Маркушевац исчезнал кралски питон. Сѐ уште не е пронајден.

„Од Маркушевачка Трнава одлута женка кралски питон. Се вика Зоим има 3 години и долга е околу метар. Се сончала во градината, но кога нејзината сопственичка накратко ја завртела главата, змијата се одвлечкала во непознатото. Тоа се случило во понеделникот, по што сопственичката безуспешно се обидува да ја најде, и замолува за помош од граѓаните“, пишува на Фејсбук.

Од Азилот Думовец натаму порачуваат:

„Ако ја забележите Зои, не се плашете. Повикајте нѐ, и ние нежно ќе ја преземеме. Иако најверојатно Зои не би ви направила ништо, бидејќи станува збор за животно кое не го познавата, немојте да ја чепкате“, порачаа од азилот.

На оваа објава следуваа низа урнебесни коментари на загрепчани, некои се преплашени, а на некои им е смешна целата оваа ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот