Палатата на Махараџа во Индија е огласена на Airbnb: Ќе ви се сврти во главата од цената за ноќевање (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеЕкономија

Палатата на Махараџа во Индија е огласена на Airbnb: Ќе ви се сврти во главата од цената за ноќевање (ВИДЕО)

Понудата вклучува батлер и водич кој ќе биде одговорен за стручно водење, вклучително и шопинг турнеја, туристичко разгледување на локалните музеи и други екскурзии.

Индиски Махараџа ја огласил дел од својата палата во Џајпур на страницата за изнајмување недвижнини, „Airbnb“.

За околу 8.000 долари за ноќ, посетителите ќе можат да го искусат кралскиот живот во 300 години старата палата.

Махараџата им ветува на гостите „инспиративно патување во богатата историја, културното наследство и уметничките традиции на кралското семејство Џајпур“ за време на нивниот престој во апартманот Гадли.

Понудата вклучува батлер и водич кој ќе биде одговорен за стручно водење, вклучително и шопинг турнеја, туристичко разгледување на локалните музеи и други екскурзии, сите вклучени во цената.

Ова е прв пат палатата да се понуди комерцијално. Претходно посетители беа поранешниот американски претседател Бил Клинтон, принцезата Дајана и Џеки Кенеди.

Палатата е изградена во 1727 година од Махараџата кој го основал Џајпур – Саваи Џаи Синг Втори. Престојот во палатата вклучува локални кулинарски специјалитети и нуди прекрасен поглед на околните ридови на Аравали.

Средствата од изнајмување на апартманот ќе бидат уплатени на Фондацијата на принцезата Дија Кумари, која ги поддржува жените и уметниците во руралните области.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close