Пахор: На Балканот и покрај билатералните проблеми има политичка волја да се зачува мирот

Вучиќ и Пахор/Фото: Инстаграм

Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска во Белград изјави дека се согласиле со српскиот претседател Александар Вучиќ дека Западен Балкан, без оглед на сите недоверби и билатерални проблеми, има доволно политичка волја да се зачува мирот и европската перспектива.

Тој додаде дека постои можност сите лидери од регионот да се согласат за три прашања.

– Прво е Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата, а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација, посочи Пахор.

Претседателот на Словенија се осврна и на Дијалогот Белград – Приштина, истакнувајќи дека во моментот има помала доверба отколку претходно, како и оти дијалогот не довел до решение што сите го посакуваа.

Пахор посочи и дека ја поддржува иницијативата Отворен Балкан.

– Мислам дека проектот Отворен Балкан е создаден така што некои работи, доколку му се приклучат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, проблемите кои сега изгледаат нерешливи полесно ќе се решат во духот на соработката, наведе Пахор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот