Паднатиот балкон е од куќа во населбата Даме Груев: Детето се бори за ЖИВОТ на КАРИЛ

Балконот што се урна и од кој паднаа татко и три деца е од куќа во скопската населба Даме Груев во Ѓорче Петров. Од она што екипата на „Слободен печат“ успеа да го забележи на терен, куќата се наоѓа во тесна уличка, која не е соодветено обележана и нема тротоар за пешаци. Иако навидум изгледа дека е од понова градба, таа се наоѓа во исклучително лоша состојба и не е целосно изградена, поради што изгледа небезбедно. Покривот е отворен од напред, а терасите се без ограда.

Од семејството на повредените не беа многу расположени за да раскажат како се случил немилиот настан. Додека бевме таму, забележавме дека станарите на куќата го расчистуваа дворот и го тргнале бетонот од срушениот балкон. Кога ја забележаа камерата на „Слободна ТВ“, првично прифатија снимање, но подоцна се предомислија и побараа да си одиме.

Седењето на балкон во средата, ова семејство долго ќе го памети. На Ургентниот центар завршија таткото и децата на возраст од шест, три и две години. Таткото и двете дечињата се пуштени на домашно лекување. Тригодишно дете е во критичина здравствена состојба, поради сериозни повреди на мозокот. Тоа е на болничко лекување во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.

– Детето има сериозни оштетувања на мозокот, се бориме да преживее – велат од КАРИЛ.

Полицијата извршила увид на местото каде се случила несреќата и работи на расчистување на случајот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот