Пад на доларот пред состанокот на ФЕД

Европските берзи зајакнаа за 0,8 проценти во утринското тргување, но сепак се под тримесечниот максимум.

По неколку недели силен раст, поттикнат од надеж за брзо закрепнување на економијата по укинувањето на ограничувањата воведени поради коронавирусот, оптимизмот на пазарите на капиталот се чини дека исчезна, коментираат светските агенции.

Инвестициите во безбедни средства укажуваат на зголемена претпазливост на инвеститорите.

Европските берзи зајакнаа за 0,8 проценти во утринското тргување, но сепак се под тримесечниот максимум.

Најширокиот индекс на аизско-пасифичките акции, МСЦИ, без јапонските, кој скокна за 9,0 проценти од почетокот на јуни, зајакнувајќи се за 35 проценти во однос на минимумот забележан во март, денеска се зголеми за 0,4 проценти.

Индексот на берзата во Токио забележа добивка од 0,15 проценти.

Индексот МСЦИ на движењата на цените на акциите на пазарите ширум светот се зголеми за речиси 45 проценти во однос на четиригодишниот минимум регистриран во средината на март, но, исто така, остана под неодамнешниот тримесечен максимум.

На пазарите на капитал не очекуваат нови акции на ФЕД, но какво било навестување за олеснување на монетарната политика може да влијае на апетитот на инвеститорите за ризик и да влијае на растот на доларот, проценуваат познавачите.

Податоците за најостриот пад на кинеските производни цени во последните четири години, објавени денеска, укажуваат на бавноста на глобалната побарувачка, а исто така, го илустрираат и негативното влијание што пандемијата на корона вирусот го има врз глобалната економија.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на другите главни валути, падна на нов тримесечен минимум на 96,106 поени.

Американската валута падна за 0,4 проценти во однос на јапонскиот јен на 107,29 јени, достигнувајќи го најниското ниво за околу десет дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот