Пад на цената на нафтата – утрово барел 104 долари, вчера беше 112

Пад на цената на нафтата / Фото: Архива на Слободен печат

Пазарот на нафта од утрово бележи пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 104 долари, за разлика од вчера кога цената беше 112 долари за барел. Цената на барел нафта на американскиот пазар изнесува 102 долари за барел, што е исто така значително намалување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 110 долари за барел.

Пазарот на криптовалути и утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 31.727 долари, што е намалување за околу 5% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.

Цените на житарките од утрово паѓаат. Цената на пченицата од утрово изнесува 1.092 долари за тон, што е намалување за околу 1 процент во однос на вчера. Цената на пченката е 772 долари, што е исто така пад од околу 1 процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот