Во Нов Белград ќе се отвори нов кинески трговски центар: Досега продадени повеќе од 300 продавници

Привршува изградбата на новиот кинески трговски центар на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, фасадата и работите во внатрешноста на зградата се завршени и се очекува отворањето на крајот на мај, а во завршна фаза од изградбата Фокусот е на внатрешните инсталации кои се неопходни за непречено функционирање на центарот, изјави изведувачот Вања Бугарин.

Тој за РТС, рече дека тоа опфаќа имплементација на системот за противпожарна заштита, електрична инсталација, машински инсталации, како и поставување на водоводни и канализациски системи, по што ќе се започнат финалните работи и ќе се отвори комплексот. На 34.000 квадратни метри има 450 дуќани, комплексот има две згради, меѓу кои ќе има и паркинг.

Осумдесет отсто од продавачите од стариот трговски центар, кој изгоре во пожарот, ќе се преселат во новоизградениот. Досега се продадени повеќе од 300 дуќани, повеќето ги купиле Кинезите, а останатите се во сопственост на српски фирми. Од компанијата „Евразија Трејд Центар“ велат дека цената на метар квадратен се движи меѓу 2.000 и 3.000 евра, објави БеоИнфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот