Пациентка паднала во ГОБ 8 Септември и завршила со тешка компликација – скршеница на череп

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Пациентка на 84 годишна возраст, паднала на очниот оддел во ГОБ 8 Септември и го скршила черепот, дознава Слободен печат од свои извори. Иако пациентката првично била примена за сосема вообичаена процедура, операција на перде на окото, состојбата се искомплицирала откако морала да остане во болница пост оперативно.

Меѓутоа, во саботата, станала од креветот, за да го отвори прозорецот во болничката соба бидејќи и било топло. Се сопнала, паднала и завршила со тешка скршеница на черепот, па морало да биде пренесена на неврохирургија во клинички центар.

Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Кристијан Костов, за Слободен печат потврди дека се случил настанот но не знаеше во каква состојба е сега пациентката.

-Станала да го отвори прозорецот бидејќи и било топло, се сопнала, паднала и завршила со повреда на главата. Веднаш ја кренале, ја преврзале, ја снимале, но бидејќи имало пукнатина на главата, веднаш е испратена на неврохирургија, веќе четири денови лежи таму, ни рече доктор Костов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот