Овој човек е неуништлив: Новак Ѓоковиќ по деветти пат во финалето на Мастерсот во Париз!

Новак Ѓоковиќ ја слави победата против Андреј Рубљов/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ в недела на турнирот во Париз, Франција, ќе игра за својата јубилејна 40 мастерс титула во кариерата. Најдобриот светски тенисер после една голема борба од 180 минути да го совлада Андреј Рубљов со 5:7, 7:6 (3) и 7:5 и така обезбеди пласман во финалето.

Тоа ќе биде деветто финале за Србинот во Париз, за својот седми пехар на тој турнир, шести оваа сезона и вкупно 98 во кариерата. Во финалето на мастерсот во Париз противник на првиот светски рекет ќе биде Бугаринот Григор Димитров кој претходно во првото полуфинале со 6:3, 6:7 (1) и 7:6 (3) го елиминираше Гркот Стефанос Циципас.

Новак имаше проблеми со вирус пред мечот со Рубљов, не делуваше свежо, особено на почетокот. Иако успеа да дојде до брејк, веднаш во првиот гем, Русинот не го збуни тоа. Московјанецот веднаш стигна до риб-брејк за 1:1.

Продолжи да го мачи Новак, а во осмиот гем имаше три одлични шанси, брејк топки, но Новак за чудо ги неутрализираше со одличен сервис, 4:4. Не помина глатко ниту во десеттиот гем, Новак го извлече гемот по 0:30 за 5:5. Сепак, упорноста на Рубљов вроди со плод во 12 гем, Новак одигра лош „дроп-шот“ и по 59 минути московјанецот стигна до 7:5 и водство на мечот.

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Ѓоковиќ играше трпеливо, го држеше својот сервис и ја чекаше приликата. Првата прилика се појави во петтиот гем кога стигна до 0:40 на сервис на Русинот, но немаше среќа. Во 30:40 топката се спушти од врвот на мрежата во полето на Новак, а потоа Рубљов постигна уште два поени за водство од 3:2.

На 3:3 Новак повторно успеа да добие брејк шанса, но Русинот феноменално возврати и го доби тој гем за 4:3. Новак издржа, стигна до 4:4, а потоа Рубљов успеа да поведе со 5:4. Новак пружи отпор, израмнувајќи на 5:5, но ниту московјанецот не попушти, стигна до 6:5. Новак го издржа и тој притисок, стигна до 6:6, а потоа прелета низ тај-брејкот добивајќи го со 7:3. Новак потоа замина во соблекувалната, а кога се вратил добил масажа на грбот директно на теренот.

Во решавачкиот сет Новак ги имаше првите шанси во четвртиот гем. Имаше 15:40 и две брејк топки, но Русинот успеа да се извлече и да стигне до 2:2. Новак продолжи добро да сервира, лесно го доби седмиот гем и водеше со 4:3, но Рубљов одолеа во следниот гем и стигна до 4:4. Ѓоковиќ го доби гемот со 5:4, го притисна московјанецот, но тој не се предаде, израмни на 5:5. Сепак, одличната одбрана на Новак во 12 гем донесе грешки на Русинот, Новак дојде до брејк и до победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот