Овие десет европски земји привлекоа најмногу странски директни инвестиции

Компанијата Ернст и Јанг објави истражување според кое ги рангираше европските земји со најголем број странски директни инвестиции. Во првата десетка се најдоа Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Белгија, Полска, Турција, Холандија, Русија и Ирска. .

Таа компанија спроведе анкета за привлечност на Европа за инвестирање во кое учествуваа повеќе од 500 меѓународни компании, а 56 проценти од испитаниците ја нагласија Западна Европа како еден од трите најдобри инвестициски региони.

Во Велика Британија, во 2018 година се спроведени 1.054 инвестициски проекти, 1.027 во Франција, 1.073 во Германија, 973 во Шпанија, 314 во Белгија, 278 во Полска, 272 во Турција, 261 во Холандија, 229 во Русија, 211 и во Ирска 205.

Централна и Источна Европа е втор најатрактивен регион за странски директни инвестиции во светот, веднаш по Западна Европа, според студијата.

Странските директни инвестиции во Европа се намалија во 2018 година за првпат во изминатите шест години, и тоа за четири отсто, и беа спроведени 6.356 инвестициски проекти.

Европскиот БДП го забави својот раст на само 1,8 проценти минатата година, а инвестиции беа под влијание на странски фактори, како што се слабите американски инвестиции во Европа, забавување на економскиот раст во Кина и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот