Profimedia

Овен Вилсон го сменил телефонскиот број кога дознал дека Варуни е бремена

Овен Вилсон го сменил бројот на телефонот откако дознал дека неговата бивша девојка Варуни Ванзарес е бремена.

Американскиот глумец минатата година беше во центар на вниманието кога медиумите дознаа дека одбил да го види своето трето дете Лајла, која ја родила неговата бивша девојка, со која се забавувал четири години, дознава Радар онлајн.

Profimedia

„Кога Варуни му кажа на Овен дека е бремена, тој не беше среќен и тоа беше последен пат што се слушнаа“, наведува изворот.

„Потоа го смени телефонскиот број. Никогаш не ја запозна ќерка си, а на Варуни не ѝ кажа дека го сменил бројот“, додава изворот.

Варуни Ванзарес/Profimedia

Варуни (35) неподамна откри дека анализите на крвта покажале дека Лајла му е ќерка на Овен и дека таа мисли дека на нејзиното дете му треба татко, а додава дека тоа нема никаква врска со парите.

„Мајката на Варуна починала кога таа била мала, па затоа и знае како му е на детето кога расне без еден родител“, вели изворот.

Овен Вилсон има два сина од претходните врски, а досега не се женел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот