Оваа жена не старее: Натали ги засени српските манекенки во Нови Сад (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Деновиве во Нови Сад се одржува Недела на модата, каде што српските модни дизајнери, како и странските учесници, ги претставуваат своите колеции пред љубителите на модата и автентичниот дизајн.

Меѓу присутните во публиката се најде и нашата поранешна манекенка Натали Грубовиќ, која позираше пред фотографите.

За оваа пригода, убавата Натали се одлучила за проверена и модерна комбинација сочинета од плисирано црно здолниште, споено со корсет од црна тантела со длабоко деколте, а завршниот стилиски печат избрала моторџиската јакна и минималистички сандали.

Фото: Инстаграм

Инаку Натали веќе неколку години живее во Нови Сад, каде е среќно мажена, а пред година дена таа се оствари и во улогата на мајка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот