Оваа земја го менува својот систем, војската ја презема контролата: Системот на „паметен карантин“ не е ефикасен?

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Чешката влада денеска најави дека ќе го смени својот систем на следење и изолација на контактите на луѓето со Ковид-19 во борбата против ширењето на инфекцијата.

Владата го покрена својот систем на „паметен карантин“ бидејќи сакала да ги олесни рестриктивните мерки наметнати низ земјата заради спречување на ширењето на Ковид-19, но наиде на критики заради неефикасноста, пренесува Ројтерс.

Во последниот еден месец, Чешка се бореше со неколку локални жаришта, додека дневниот број на новозаразени во јули главно се движел над 100.

Според новите планови, надзорното тело на чело со премиерот Андреј Бабиш ќе управува со програмата на новиот „паметен карантин, кој ќе ги користи мобилните податоци за следење на оние кои дошле во контакт со заразени со коронавирус.

Војската ќе ги преземе од Министерството за здравје логистичките должности како што се места за тестирање и лаборатории.

Министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек во саботата изјави дека паметниот карантин не функционира.

Бабиш рекол дека постојат проблеми во поврзување на компјутерските системи со регионалните здравствени канцеларии.

Во Чешка се регистрирани 15.324 случаи на коронавирус, како и 371 смртен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот